Оваа вкусна паста од рерна е одличен избор за сите љубиетели на италијански специјалитети.
Состојки:
- 220 гр шпагети
- 1 јајце, разматено
- 2 шолји рендана моцарела
- 1/4 шолја пармезан
- 200 гр салама по избор (може колбас или сечкана сланина Пекабеско)
- 200 гр доматен сос или сос за шпагети
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Намастете плех за печење.
- Шпагетите згответе ги по упатството на пакувањето. Процедете ги и измијте ги во студена вода. Во тестенините додајте разматено јајце, моцарела и пармезан, па префлете во плех.
- Измешајте сос и салама и прелијте преку шпагетите. Преку ставете моцарела.
- Печете во загреана рерна околу 15 минути, па почекајте 5 минути пред послужување.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути