Ако сакате да пробате нешто необично и многу вкусно тогаш овој рецепт е за вас!
Состојки:
- 1 кг млади тиквици
- 200 гр кромид
- 6 дл јаболков оцет
- 5 дл вода
- 150 гр шеќер
- 4 лажици сол
- ловоров лист
- црн и бел бибер
- сува пиперка
- чили пиперка
Начин на подготовка:
- Зовријте оцет, вода, шеќер и сол.
- Исечете ги тиквиците на ленти (коцки или кругови), како ви одговара.
- Исечете го кромидот. Кога водата ќе зоврие ставете мала количина сечкани тиквици и поклопете. Смесата со вода и оцет тогаш ќе „запре“, а тиквиците се готови кога повторно ќе зоврие.
- Повторете додека не ја употребите целата количина. Повторете ја постапката и со пиперките (сечкани на парчиња).
- Во добро измиени и исушени тегли, кои сте ги ставиле 20-тина минути на 100 степени во рерна, ставете лажица бебер во зрно, 2 ловорови листови, пиперчиња. Преку тоа наредете ги тиквиците и прелијте со смесата од вода и оцет. Теглите веднаш добро затворете ги.
Повеќе поврзани вести на Готви.мк:
Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)
Диетален појадок што ќе ве држи сити
ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко