Викендов пресврт со темепратурите – временска прогноза

Викендов пресврт со темепратурите – временска прогноза

Во Македонија денес ќе имаме претежно сончево и потопло време. Ќе дува доумерен слаб ветер од променлив правец. Утринските температури од 7 до 17 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 24 односно до 34 степени, температури кои што ќе бидат над повеќегодишниот интервал за овој период од годината. УВ индексот ќе има вредност 5.Во Скопје денес ќе биде претежно сончево и топло. Слаб североисточен ветер. Утринската температура од 14 степени, додека пак максималната дневна ќе достигне до 32 степени. УВ индекс 5.

Во сабота и недела сончево и многу топло време за овој период од годината, како да сака времето да ни покаже дека летото сеуште не е завршено. Во сабота утринските температури од 7 до 17, додека пак дневните од 26 до 36 степени, а во недела и најтоплиот ден од деновите кои што ни следуваат, мининалните температури од 9 до 19 степени, а максималните од 28 до 38 степени. Во понеделник и вторник претежно сончево време со појава на локална облачност и посвежо време со пад на температурите. Во понеделник утринските од 10 до 20 степени, а дневните од 24 до 34 степени, додека пак во вторник минималните од 5 до 15 а максималните од 20 до 30 степени.

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепети:

Посна чорба која е неодоливо вкусна

ВИДЕО: Ги пресече доматите на пола и за неколку минути направи неодолив специјалитет

Специјалитет: Похoван и печен пилешки стек

Шлаг од јагоди – вистински пролетен специјалитет

Јапонски специјалитет – Сашими со димен лосос

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

ВИДЕО рецепт: Нискокалоричен чоколаден сладолед

Чоколадна баклава

singlepost_text