Вкусно, а едноставно: Милано пилешко со ориз или тестенини

Вкусно, а едноставно: Милано пилешко со ориз или тестенини

Ова пилешко е совршено со тестенини, но вкусно е и со ориз и компири.

Состојки:

  • 500 гр пилешки гради
  • 2 лажици масло
  • 2 лажици ситно сечкан босилек
  • 1 лажица путер
  • 2 чешниња лук ситно сечкани
  • 1/2 шолја сушен домат
  • 1 шолја вода
  • 1 шолја павлака за готвење

Начин на подготовка:

  1. Во голем сад растопете путер па на него пропржете го лукот, потоа додајте сушени домати и вода и оставете да зоврие.
  2. Гответе додека доматите не омекнат па додајте павлака.
  3. Оставете да се редуцира и ставете на страна, а пилешкото посолете го и побиберете го па пропржете го во тава. Гответе околу 4 минути од секоја страна па залијте со сос.
  4. Сервирајте топло со тестенини, ориз или компири.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк

Брз појадок со туна салата

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути

Туна салата со фетучини

Туна салата

Брзо посно предјадење за целото семејство

 

 

singlepost_text