Пита од црвени пиперки

Пита од црвени пиперки

За следниот оброк ви донесуваме интересен рецепт за пита од црвени пиперки…

Состојки:

  • 800 гр филе од печени пиперки
  • 6 тенки кори за пита
  • 3 јајца
  • 250 гр сирење
  • 100 гр кашкавал
  • 2 дл павлака
  • 1 прашок за печиво
  • 1 лажица брашно
  • 150 гр шунка Пекабеско
  • 0,5 дл млеко
  • 0,5 дл масло
  • зачини
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Кашкавалот изрендајте го на крупно ренде, шунката исечкајте ја на коцки. Половина од тенките кори за пита оставете ги, а остатокот исечете ги на ленти.
  2. Белките одвојте ги од жолчките и разматете ги во цврст снег. Додајте шунка, кашкавал, сирење и полека измешајте.
  3. Посебно разматете жолчки, павлака, млеко, брашно и прашок за печиво. Додајте зачини по вкус и измешајте.
  4. Тенките кори за пита намастете ги и наредете ги една на друга. Со нив обложете го дното и страните на тепсијата. Прекријте со половина од филетите пиперки и премачкајте со фил од белки. Нанесете ги останатите филети пиперки, премачкајте со фил од жолчки и ставете ги исечените кори за пита.
  5. Горниот слој кора благо притиснете го во филот од жолчки.
  6. Печете во загреана рерна на 200 степени додека не порумени.

Добар апетит!

Повеќе поврзани вести на Готви.мк:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

 

singlepost_text