Домашни полнети лепињи (ВИДЕО)

Домашни полнети лепињи (ВИДЕО)

Уживајте во секој залак!

Состојки:

  • 30 гр квасец
  • 300 мл течност, вода, млеко, јогурт
  • 300-400 гр брашно
  • малку масло
  • кечап
  • пржени фаширани шницли за полнење

Начин на подготовка:

  1. Замесете средно тврдо тесто од наведените состојки па оставете малку да нарасне.

     

  2. Кога тестото ќе нарасне размесете го во 8 еднакви топчиња. Секое топче развлечете го на големина од мала чинија.

     

  3. Во средина ставете пржена фаширана шницла, додајте малку кечап, а рабовите малку наквасете ги со топла вода. Развлечете друго топче и поклопете ја шницлата и притиснете ги рабовите. Направете така и со останатите топчиња.

     

  4. Оставете ги лепињите малку да нараснат, премачкајте ги со млеко и печете на 200 степени околу 20 минути. Оставете ги малку да се изладат и потоа уживајте во секој залак… Добар апетит!

 

Повеќе рецепти на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид

Ремек дело во кујната: Леб од банана

Тазе домашен леб

ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси

Домашниот леб на мајче Вера

Полнет запечен леб

ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта

Црно бела торта

singlepost_text