Уште веднаш ќе ви кажеме да направите дупла мерка, кифличките навистина се многу вкусни!
Состојки:
- 600 гр пченично брашно
- 30 гр свеж квасец
- 1 дл млака вода
- 1 лажичка шеќер
- 2 дл кисело млеко
- 5 јајца
- 1/2 маргарин
- 100 гр кашкавал
- 1 лажичка сол
- сусам за посипување
Начин на подготовка:
- Разматете квасец во млака вода со шеќер и малку брашно. Кога квасецот ќе надојде, замесете тесто со брашно, кисело млеко, 3 јајца и 2 жолчки, и лажичка сол. По потреба додајте уште малку брашно, за тестото да биде средно тврдо.
- Оставете да нарасне, а потоа тестото поделете го на 8 делови и секој дел развлечете го во круг. Премачкајте ги со разматен омекнат маргарин и редете еден на друг. Последниот не го премачкувајте.
- Сѐ развлечете со сукало што потенко, сечете на триаголници, на секој ставете по парче кашкавал и свиткајте кифли. Редете ги во плехови и оставете ги да нараснат.
- Премачкајте ги со останатите разматени белки, посипете со сусам и печете во рерна загреана на 200 степени околу 15 минути со вентилатор, а малку подолго без.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот