Домашни ролни со сирење (ВИДЕО)

Домашни ролни со сирење (ВИДЕО)

Вкусно домашно печиво идеално за доручек или вечера…

Состојки:

  • 600-700 гр брашно
  • 300 гр меко сирење
  • 30 мл масло
  • 3 јајца
  • 30 гр квасец
  • 1 лажица шеќер
  • 200 мл јогурт
  • 200 мл млеко
  • 200 гр путер
  • малку сол

Начин на подготовка:

  1. Квасецот растопете го во малку млеко, додајте шеќер и масло, потоа 3 јајца, остатокот од млекото, јогурт и замесете со брашно средно тврдо тесто.
  2. Оставете го малку да нарасне, па размесете го и поделете го на три дела, а секој дел развлечете го што потенко, премачкајте со маргарин па со сирење. Свиткајте во ролни со саканата должина.
  3. Наредете ги во плех, намачкајте ги со жолчки и посипете ги со семки и крупна сол. Печете на 200 степени 20-30 минути.

 

Деталите погледнете ги во ВИДЕО РЕЦЕПТОТ на „Бакина Кухиња“:

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте