Италијанска кујна: Шпагети со Алфредо сос

Италијанска кујна: Шпагети со Алфредо сос

Пастите се едноставни, брзи, а да бидеме искрени, сите ги обожаваат! Во прилог ви донесуваме рецепт за шпагети со Алфредо сос – ќе ги обожавате…

Состојки:

  • 100 гр путер
  • 500 мл павлака за готвење
  • 100 гр рендан пармезан
  • сол
  • бибер
  • 300 гр шпагети

Начин на подготовка:

  1. Сварете ги шпагетите во 2 л врела и посолена вода. Процедете ги, но сочувајте половина шолја од течноста во која се вареле.
  2. Павлаката ставете ја во тенџере, додајте путер и ставете на рингла на средна температура. Кога ќе почне да врие, намалете ја температурата и крчкајте додека сосот благо згусне.
  3. Додајте ситно рендан пармезан, сол и бибер по вкус. Добро измешајте, кога пармезанот ќе се растопи и соедини со останатите состојки тргнете од рингла.
  4. Додајте шпагети, ставете малку од водата во која се вареле шпагетите. Вратете на топла рингла и соединете ги состојките.
  5. Посипете со магдонос и пармезан и веднаш послужете.

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Готви.мк:

Рецепт за вистински пица деликатес

Летен појадок кој ќе го правите секој ден

Полнети печурки – лесен рецепт кој сите ќе ви го бараат

Палачинки за гурмани

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин

Мусака со печурки

Мусака со карфиол и мисиркино месо

Мусака на ориентален начин

Повеќе рецепти со мелено месо