Ајвар со шампињони

Ајвар со шампињони

Еден мал пресврт во зимницата – ајвар со шампињони! Ќе бидете воодушевени!

Состојки:

  • 5 кг модри патлиџани
  • 10 кг пиперки
  • 2,5 кг шампињони
  • 1,5 л доматен сок
  • 1 л масло
  • 3 главици лук
  • 1 лажица бибер
  • 1 рака сол
  • ловоров лист по желба
  • 1 винобран

Начин на подготовка:

  1. Испечете ги пиперките и патлиџаните па оставете ги во сад поклопени половина час, за полесно да се исчистат.
  2. За тоа време исечкајте ги шампињоните на парчиња па ставете ги да се динстаат. Кога ќе бидат на половина готови тргнете ги од оган.
  3. Исчитете ги пиперките и патлиџаните од лушпи и семки, па сомелете ги во машина за месо.
  4. Измешајте ги шампињоните, мелените пиперки и патлиџаните и мелениот лук, додајте масло, бибер, доматен сок и ловоров лист, па гответе ја смесата на среден оган со постојано мешање.
  5. Ајварот е готов кога сите состојки ќе се соединат, а маслото ќе исплива на површина. На крај додајте винобран и измешајте.
  6. Ставете ја врелата смеса во загреани тегли па ставете ги теглите на 100 степени 10 минути во рерна.
  7. Извадете ги теглите, затворете ги и оставете ги на ладно место.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО рецепт: Брзи крокети од компири

Гнездо од компири со селско месо

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Крем чорба од тиква и компири

Деликатес во кујната: Компир на поинаков начин