Не чека невреме – толку од летните температури

Не чека невреме – толку од летните температури

Времето денеска претпладне претежно сончево, попладнево со умерена, а во западните делови и со значителна облачност. Дува слаб до умерен ветер, претежно од јужен правец.

До крајот на денот облачноста ќе се зголемува, а во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен дожд и ретки грмежи. Во текот на ноќта облачно, на запад со врнежи од дожд и грмежи.

Од утре променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер од јужен правец. Пообилни врнежи ќе има во раните утрински и во претпладневните часови во западните делови, а попладне врнежите ќе ги има повеќе на истокот, ќе бидат полокализирани, но со услови да бидат проследени со поинтензивни процеси. До крајот на денот атмосферата ќе се стабилизира.

Т-мин. од 11 до 18, а т-макс. од 21 до 27 степени. УВ=5

Во Скопје променливо облачно, претпладне и околу пладне со повремен пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен југозападен ветер. Т-ра: 17 / 26 степени.

Во недела и понеделник ќе биде претежно сончево и топло, на повеќе места со натпросечни дневни температури на воздухот (максималната температура ќе достигнува од 30 до 35 степени).

Во понеделник во текот на ноќта и во вторник преку денот повторно ќе има услови за локална нестабилност со пороен дожд и грмежи, но претежно во западните делови од земјава. Во понеделник и во вторник ќе дува засилен југозападен ветер.

Повеќе рецепти за салати

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Зелена салата со сирење и џем од јагоди

Еве како треба правилно да се мие зелената салата

Салата Примавера

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

Топ 10 највкусни Gotvi.mk рецепти со печурки

singlepost_text