Оригинален рецепт за баклава со мак!

Оригинален рецепт за баклава со мак!

Ви донесуваме оригинален рецепт за превкусна баклава со мак!

Состојки:

  • 500 гр кори за баклава
  • 150 гр ореви
  • 150 гр мак
  • 1 кесичка цимет
  • 300 гр шеќер
  • 0,5 л вода
  • 1 лимон
  • 1 ванилин шеќер

Начин на подготовка:

  1. Плехот во кој ќе ја печете баклавата намастете го со масло и во него ставете две кори напрскани со масло. Корите посипете ги со фил од ореви, мак и кесичка цимет. 
  2. Така редете наизменично намастени кори, па фил додека материјалот не се потроши и на крај оставете две кори за од горе. 
  3. Баклавата исечете ја со остар нож на триаголници, прелијте со масло и ставете да се пече во загреана рерна околу 50 минути. 
  4. Печената баклава прелијте ја со изладен сируп од 300 гр шеќер, 0,5 л вода, 1 кесичка ванилин шеќер и сок од 1 лимон и вратете ја во исклучената рерна. Извадете ја после 15 минути и послужете ја ладна.

 

Уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта