Едноставен трик: Отстранете ги налепниците од стаклените тегли и шишиња

Едноставен трик: Отстранете ги налепниците од стаклените тегли и шишиња

Ако подготвувате зимница, или едноставно сакате да ја искористите стаклената амбалажа од производите кои ги купувате, не мора да се мачите при отстранување на етикетите.

Еве одличен рецепт за брзо отстранување на налепниците и лепакот.

Потребни ви се: сода бикарбона, масло за јадење, жица за садови (или груба страна на сунѓер).

Измешајте еднакви количини сода бикарбона и масло – за една тегла доволна е супена лажица. Добиената смеса нанесете ја преку налепницата. Оставете да отстои половина час. Истријте со жица за садови или со грубата страна на сунѓер.

Добро измијте со топла вода и со детергент за садови.

Повеќе на Готви.мк:

Чајот од шипка како лек

БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта

Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот

Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг

Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

singlepost_text