Кокос ролат: Ситни колачиња кои ќе ве воодушеват!

Кокос ролат: Ситни колачиња кои ќе ве воодушеват!

Се подготвува толку едноставно, што можат да ви помогнат и децата…

Состојки за темен дел:

  • 250 гр мелени бисквити
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 150 гр шеќер
  • 1,5 дл млеко

Состојки за светол дел:

  • 125 гр маргарин
  • 150 гр шеќер во прав
  • 100 гр кокос

Начин на подготовка:

  1. За темниот дел, растопете чоколадо па измешајте го со бисквити, шеќер и млеко и сѐ добро соединете. Смесата растегнете ја на целофан. 
  2. За светлиот дел, пенасто разматете го маргаринот со шеќер во прав, па додајте кокос и добро соединете. Распоредете ја смесата преку темниот дел и свиткајте ролат. Добро изладете во фрижидер. 
  3. Сечете ситни парчиња, послужете и уживајте!

Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:

Баклава

Баклава со вишни

Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет

Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди

„Катица“ торта

Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути

ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече

За секоја прослава – Тигар торта

 

singlepost_text