Едноставна и вкусна: Грчка салата

Едноставна и вкусна: Грчка салата

Оваа салата со свеж крцкав леб со рузмарин може да биде и лесен ручек!

Состојки:

  • 2 краставици
  • 3 поголеми домати
  • 1 главица кромид
  • 16 маслинки
  • 200 гр фета сирење
  • 4 гранчиња свеж рузмарин
  • 1 лажица маслиново масло
  • оригано
  • вински оцет
  • 8 листови зелена салата

Начин на подготовка:

  1. Зеленчукот исчистете го и измијте го. Исечете ги краставиците на коцки, доматите на парчиња и кромидот на кругови. Измешајте сѐ, ставете рузмарин и додајте маслинки. Додајте масло, оцет и оригано. Додајте фета и лесно измешајте. Оставете малку да отстои за рузмаринот да пушти мириси.
  2. Сервирајте во чинии со подлога од зелена салата.

 

Добар апетит!

Поврзани вести на Готви.мк

Брзи роденденски сендвичи

ВИДЕО: Појадок за 8 минути – неодоливи сендвичи со шунка и кашкавал

Најбрзиот рецепт за кифли за сите домаќинки

Едноставен појадок кој сите ќе ги воодушеви

Видео: Рецепт за најдобриот домашен појадок во светот

Похован кашкавал

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки