Кнедли од компири

Кнедли од компири

Филот од месо му дава посебна пикантна нота на овие кнедли…

Состојки:

  • 800 гр варен компир
  • сол
  • 100 гр брашно
  • 2 жолчки
  • бибер
  • мускатно оревче
  • 200 гр мелено телешко месо
  • 30 гр свежи зачински билки
  • 200 гр рендан ементалер
  • зелена салата
  • босилек

Начин на подготовка:

  1. Компирите излупете ги, измијте ги и 200 гр фино изрендајте. Останатите компири сварете ги во доста солена вода, исцедете ги, па испасирајте ги. Изладеното пире од компир додајте го во изренданиот компир. Просејте го брашното, па додајте го во компирите заедно со жолчките. Се пикантно зачинете со сол, бибер и мускатно оревче.
  2. Месото измешајте го со зачински билки. Од тестото со компир обликувајте 8 кнедли, па секоја наполнете ја со малку мелено месо. Кнедлите гответе ги во врела солена вода. Загрејте ја рерната на 200 степени.
  3. Извадете ги кнедлите и исцедете ги. Ставете ги во огноотпорен сад, посипете ги со сирење и запечете ги во рерна десетина минути.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

Остави Коментар

Your email address will not be published. Required fields are marked *

*