Шарено вариво со месни кнедли

Шарено вариво со месни кнедли

Изобилството од витамини и вкусови оваа чорба ја прават идеална!

Состојки:

  • 1 сува земичка
  • 2 главици кромид
  • 2 корени магдонос
  • 400 гр моркови
  • 1 праз
  • 2 лажици масло
  • магдонос
  • ловоров лист
  • 350 гр ситно мелено свинско месо
  • 2 лажици брашно
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Земичката натопете ја во вода да омекне. Зеленчукот исчистете го. Една главица кромид исечкајте на коцки, а друга на кругови. Коренот магдонос и морковите исечкајте ги на коцки, празот на кругови, а зачинските билки исечкајте ги.
  2. На масло динстајте го зеленчукот околу 2 минути, налијте вода и додајте зачини и зачински билки па гответе околу 20 минути.
  3. Исцедете ја земичката, измешајте со смеса од месо и кромид исечкан на коцки, додајте сол по вкус и од смесата обликувајте кнедли. Додајте ги во варивото 10 минути пред крајот.
  4. Кромидот исечкан на кругови посипете го со брашно, пропржете го на остатокот од маслото, извадете го на кујнска салфета да се исцеди маснотијата и посипете по варивото пред послужување.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула

 

 

singlepost_text