Топли или ладни – толку се вкусни што ќе ги правите постојано!
Состојки:
- 500 гр мелено месо
- 2 парчиња леб
- 150 мл млеко
- 1 средна главица кромид
- 200 гр презла
- 200 гр брашно
- 3 јајца
- зачин
- сол
- бибер
- 100 гр кашкавал
- 2 варени јајца
- 50 гр пршута Пекабеско
- 100 мл кисела павлака Пекабела
Начин на подготовка:
- Прелијте ги парчињата леб со млеко, оставете ги кратко да се натопат, а потоа исцедете ги и иситнете ги. Додајте ги во меленото месо. Потоа додајте ситно сечкан или изблендиран кромид, а потоа едно разматено јајце, супена лажица зачин, половина лажичка бибер и по желба малку сол. Со раце добро замесете ја масата.
- Варените јајца и кашкавалот изрендајте ги или исечкајте ги, додајте пршута исечкана на коцки, павлака, и по желба две лажици варен грашок од конзерва, па сѐ добро измешајте.
- Со влажни раце вадете од месото и обликувате топки со средна големина. На алу фолија која сте ја премачкале со масло, развлечете ги топките во кругови со пречник до 10 сантиметри. На средината од секој круг ставете фил и со помош на фолијата свиткајте го месото во ролна. Со прсти затворете ги двата краеви за да не тече филот. Ролните извалкајте ги во брашно, па во преостанатите 2 јајца кои сте ги разматиле, а потоа и во презла. Печете во врело масло.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна