Скандинавска мусака

Скандинавска мусака

Освежете го своето мени со оваа необична комбинација од компири, кисела зелка и риба.

Состојки:

  • 300 гр цврсти компири
  • сол
  • бибер
  • 3 главици кромид
  • 3 киселкасти јаболка
  • 750 гр филети бела риба по избор
  • 2 лажици путер
  • 400 гр кисела зелка
  • 1 веза власец
  • 4 јајца
  • 300 гр кисела павлака Пекабела

Начин на подготовка:

  1. Варете ги компирите во лушпа 20 минути, излупете ги и исечете ги на кругови, како и кромидот. Излупете ги и исечкајте ги јаболката на коцки. Испржете ја рибата на тава.
  2. Во тенџере загрејте путер и испржете го кромидот, па додајте ја киселата зелка и јаболката. Вклучете ја рерната на 220 степени.
  3. Во плех наредете компир, зелка, кромид и риба. Исечкајте власец и посипете преку. Поклопете со ред компири. Измешајте јајца, павлака, сол и бибер, па прелијте го јадењето. Печете околу 20 минути и украсете по желба.

 

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко