Овој едноставен колач е идеален за секоја прилика…
Состојки:
- 3 жолчки (за бисквит)
- 6 лажици шеќер (за бисквит)
- 6 лажици брашно (за бисквит)
- кора од лимон (за бисквит)
- 3 белки (за бисквит)
- 1 дл масло (за карамел)
- 80 гр шеќер (за карамел)
- сок од половина лимон
- 50 гр мелени ореви
- 4-5 киселкасти јаболка
- шлаг по желба
Начин на подготовка:
- Маслото и шеќерот карамелизирајте ги до светлосмеѓа боја. На намастен калап од 24 см наредете излупени и исечкани јаболка на парчиња. Печете во загреана рерна на 220 степени 15-20 минути.
- Во меѓувреме подгответе го бисквитот. Жолчките изматете ги со шеќер и додајте брашно и снег од белки и сите останатите состојки.
- Печените јаболка посипете ги со ореви и пропрскајте ги со сок од лимон. Преку јаболката додајте ја смесата за бисквит и печете на 180 степењни околу 20 минути. Печениот бисквит малку изладете го и извадете го од калап така што ќе го превртите на чинија или плех.
- Направете прелив по ваш вкус или едноставно премачкајте со шлаг и уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта