Мини суфле од зеленчук

Мини суфле од зеленчук

Оваа мусака од зеленчук можете да ја направите и во голем сад, но вака ќе изгледа поинтересно.

Состојки:

  • 2 помали тиквици
  • 2 бели компири
  • 2 цвета брокули
  • 2 моркови
  • 1 средна главица кромид
  • 1 лажица путер
  • 2 јајца
  • 1 лажица сечкан магдонос
  • 150 гр исцедено свежо сирење
  • 50 гр рендан пармезан
  • 1 мускатно оревче
  • сол
  • бибер

Начин на подготовка:

  1. Тиквиците, варените компири и морковите исечкајте ги на кругови. Брокулите кратко бланширајте ги.
  2. Загрејте ја рерната на 180 степени. Кромидот исечкајте го на коцки и пропржете го на путер. Измешајте жолчки, магдонос и потоа со лажица измешајте белки кои сте ги разматиле во цврст снет. Посолете ја смесата, побиберете и додајте мускатно оревче.
  3. Намастете 4 помали калапи и наредете ги со ред зеленчук (наизменично), а помеѓу зеленчукот фил од сирење и јајца. На крај посипете со пармезан и запечете 15 минути.

 

Добар апетит!

Прочитај Gotvi.mk рецепти:

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки

Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко

Шарена тава со зеленчук и пилешко