Една конзерва и здравјето е гарантирано – за мозокот, срцето и притисокот

Една конзерва и здравјето е гарантирано – за мозокот, срцето и притисокот

Сардините ги препознаваме како мали риби спакувани во метални конзерви.Честопати кога сме во брзање, знаеме да земеме една конзерва сардини, затоа што не е потребна посебна припрема, а притоа само го  двојуваме капакот од конзервата и уживаме во готовото јадење.

Но, што знаеме за сардините? Дали се корисни или штетни за здравјето? Во продолжение прочитаjте за здравствените придобивки кои сардините ги ставаат на располагање на консументот.

1. Сардините се богати со омега-3 масни киселини кои се значајни за правилно функционирање на мозокот и ја подобруваат меморијата. Покрај тоа Омега-3 масните киселини кои ги содржат сардините помагаат при намалување на воспаленијата, а особено се корисни за луѓе кои страдаат од артритис.

2. Сардините исто така се богати со калциум и витамин Д, кои земаат учество во зацврстувањето на коските.

3. Овие риби содржат коензим Q10 (CoQ10), кој претставува моќен антиоксиданс. Коензимот Q10 ја подобрува физичката енергија и го штити здравјето на кардиоваскуларниот систем. Коензимот Q10 е корисен кај луѓе со хипертензија (висок крвен притисок) и срцеви аномалии.

4. Значаен е фактот што сардините во висока доза содржат триптофан – есенцијална аминокиселина, која е неопходна за правилна работа на организмот.

5. Високата содржина на протеини од сардините го намалуваат чувството за глад, а малата количина на јагленихидрати помага да се одржи стабилно нивото на шеќер во крвта.

Од ова можеме да заклучиме дека сардините не само што претставуваат храна која најчесто ја користиме кога сме во брзање, туку претставува доста корисна храна за здравјето.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

(ФОТО) Како на филм – Еве во кој скопски ресторан вечераа фудбалерите на Реал и Манчестер

Роналдо во Скопје – Еве ги неговите омилени јадења и пијалоци

(ВИДЕО) Роналдо слета во Скопје, а еве ја неговата тајна за топ форма

(ФОТО) Пепси 200, пиво 250, семки 150 денари – Еве ги цените на Градски во моментов

Бесплатни лежалки, кафе 2, пиво 3,5 Евра – Еве ги цените на плажа на Тасос

2 Евра за лежалка и чадор, 2,5 еспресо, 3 евра пиво – Еве ги цените на плажа во Грција

2 Евра еспресо, 6 Евра клуб сендвич – Проверете ги овие цени на плажа во Грција

Лето на Крф: Гиро од 2,5, лежалки од 8 до 20 Евра – Еве ги цените

singlepost_text