Домат мини пици: Ќе ги правите секој ден!

Домат мини пици: Ќе ги правите секој ден!

Овие мини пици се неодоливи!

Состојки за тесто:

  • 250 гр бело брашно
  • 200 гр интегрално брашно
  • 4 лажици маслиново масло
  • 3 дл сок од домати
  • сол
  • 1 кесичка сув квасец

Состојки за сос:

  • доматен сос
  • 3 помали домати
  • 150 гр моцарела сирење
  • оригано
  • маслинки

Начин на подготовка:

  1. Сите состојки за тесто ставете ги во длабок сад и замесете тесто со сок од домати, да биде меко. Оставете го да се подигне. Доматите и маслинките исечкајте ги на тенки кругови. 
  2. Кога тестото ќе се подгине, премесете го и премачкајте го со маслиново масло да не се лепи за рацете и подлогата. Така премачкано со масло развлечете го и со чаша вадете пицети. 
  3. Пицетите извалкајте ги во брашно од двете страни, наредете ги на плех, па секоја премачкајте ја со малку доматен сос и ставете круг домат. Потоа ставете ги во ререна да се печат на 200 степени. 
  4. Кога ќе бидат готови извадете ги од рерна, посипете со оригано и на секоја пицета ставете по малку изрендано сирење моцарела и исечкани маслинки, па вратете во рерна на кратко за сирењето да се растопи.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки