Ролни од тиквици со смеса од ореви

Ролни од тиквици со смеса од ореви

Подгответе вкусно предјадење…

Состојки:

  • 3 големи тиквици
  • прстофат морска сол
  • сок од половина лимон
  • 2 шолји сечкани ореви
  • 2 шолји свежи листови босилек
  • 3 чешниња лук
  • 2 домати

Начин на подготовка:

  1. Исечкајте ги тиквиците на тенки, широки ленти по должина, ставете ги во сад, прелијте ги со вода, додајте сок од лимон и оставете ги два часа да се маринираат.
  2. Исцедете ги, измијте ги и повторно исцедете ги. За подготовка на смесата за полнење ставете ореви, босилек и лук во блендер и изблендирајте.
  3. Ставете ги лентите тиквици на работна површина па во средина на секоја лента ставете по лажица од смесата со ореви и мало парче домат.
  4. Замотајте ги лентите од тиквици и зацврстете ги со чепкалки. Ролните послужете ги украсени со босилек.

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт