Рецепт за лутеница: Највкусниот пикантен намаз кој сите го обожаваат!

Рецепт за лутеница: Највкусниот пикантен намаз кој сите го обожаваат!

Искористете ја сезоната на пиперки и подгответе зимници во кои ќе уживате секојдневно…

Во прилог ви донесуваме за највкусниот пикантен намаз – лутеница!

Состојки:

  • 2 кг зрели домати
  • 200 мл вински оцет
  • 400 мл масло
  • 250 гр шеќер
  • 1 кесичка мелен бибер
  • 1/2 кг лути пиперки
  • 1,5 кг слатки пиперки – свежи
  • сол
  • 5-6 чешниња сечкан лук

Начин на подготовка:

  1. Доматите прелијте ги со вода, излупете ги и исечете ги на 4 делови. Ставете ги во тенџере, додајте вински оцет, масло, шеќер и мелен бибер. Измешајте, ставете на рингла и пржете. Кога ќе почне да врие, нека врие 1 час.

     

  2. За тоа време сомелете свежи лути пиперки и слатки пиперки на машина за месо, додајте ги во тенџерето и гответе уште час и половина, со повремено мешање.

     

  3. Пред крајот посолете по вкус, малку по малку, а потоа додајте и лук исечкан на ситно и кесичка конзерванс на крај, ако е за зимница.

     

  4. Добро измешајте, изладете и послужете.

 

Уживајте!

Повеќе на Готви.мк

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Диетален појадок што ќе ве држи сити

Рецепт за облоги од ѓумбир кои го топат салото на стомакот

ВИДЕО: Направете природен пијалок за слабеење од 4 состојки

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

singlepost_text