Високите темпратури го затвараат апетитот, а готвењето покрај шпорет на никого не му претставува задоволство.
За да си ја олесните работата во кујна и притоа да се нахраните со здрави калории, витамини и минерали, еве рецепт за течен оброк во чаша кој ќе ве освежи, ќе ве засити и ќе ви помогне при слабеење.
Состојки:
- 2 раце спанаќ
- 1/2 шолја капини
- 1/2 краставица (неизлупена)
- неколку листови мента
- 1 лажичка сок од лимон или портокал
Начин на подготовка:
- Добро измијте го изладеното овошје.
- Капините и краставиците исечкајте ги на парчиња.
- Сите состојки ставете ги во блендер и изблендирајте, а ако сакате ледена напивка додајте нколку коцки мраз.
- Напивката содржи: железо, влакна,протеини, калиум, магнезиум, витамини, фолна киселина, флавоноиди…
БРЗО И ЕВТИНО: Отстранете ги непријатните флеки од пот на вашите алишта
Корисен совет: Како да ги освежите и исчистите сунѓерите и џогерот
Дамки од црвено вино на тепихот? Исчистете ги за миг
Направете природен освежувач за воздух – Потребни ви се само 2 работи