Најбрзиот пилешки гулаш

Најбрзиот пилешки гулаш

Подгответе брз ручек!

Состојки:

  • 650 гр пилешко филе
  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 2 домати
  • 1 помал целер
  • 1 шолја пченка
  • 200 мл сок од домати
  • 1 лажичка пипер
  • 1 лажичка лук во прав
  • 1 лажица пире од домати
  • 1 л месен бујон
  • сол
  • бибер
  • масло
  • 3 лажици густин

Начин на подготовка:

  1. Кромидот исечкајте го на коцки, како и лукот, потоа пропржете ги на малку масло. Кога кромидот ќе омекне, додајте рендан морков, целр и домат. 
  2. Зачинете по вкус, додајте пченка. Додајте сечкано пилешко, доматен сос и пире и добро измешајте. Кога месото ќе биде готово, во јадењето измешајте густин кој претходно сте го разматиле со малку вода. 
  3. Оставете да крчка уште неколку минути па тргнете го од рингла. Послужете топло со салата и прилог по желба.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text