Брзо се подготвува, идеален е за десерт, но и за слатка ужина!
Состојки:
- 1 пакување лиснато тесто
- 300 гр сливи
- 300 гр јаболка
- 150 гр шеќер
- 1 ванилин шежер
- 40 гр путер
- рум
Начин на подготовка:
- Посипете шеќер по дното на плехот, па наредете го овошјето: ред сливи исчистени од коски, ред парчиња јаболка. Посипете ванилин шеќер по овошјето, пропрскајте го со рум и зачинете го со грутки путер. Развлечете го лиснатото тесто така да го прекрие овошјето и малку тесто завлечете на страна, по рабовите на плехот.
- Печете околу 40 минути на 200 степени и повремено проверувајте дали тестото се пече рамномерно. Кога ќе биде испечено извадете го го плехот и оставете го колачот да се излади.
- Исечете на коцки, послужете и уживајте!
Прочитај поврзани Gotvi.mk рецепти:
Трилече – неверојатно вкусен домашен специјалитет
Неодоливо вкусна: Домашна торта со јагоди
Возможно е – еве како да направиш торта за 10 минути
ВИДЕО: Рецепт за еклер чоколадна торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта