Запечено пилешко со спанаќ: Совршен викенд ручек за целото семејство

Запечено пилешко со спанаќ: Совршен викенд ручек за целото семејство

Повеќе од пожелно е со овој оброк да послужите некој фин производ од млеко – лажица павлака или шолја кисело млеко.

Состојки:

  • 600 гр пилешки гради
  • 1 кг спанаќ
  • 2 лажици мешавина зачини
  • 1 главица кромид
  • 1 лажица црвена пипер
  • масло
  • сол
  • мелен црн бибер

Начин на подготовка:

  1. Пилешките гради исечкајте ги на коцки (или на шницли), посолете ги, зачинете ги со мешавина зачини, побиберете и пржете ги во тава на загреано масло. Во тавата налијте 100 мл вода. 
  2. Кромидот исечкајте го на тенки парчиња и додајте го во тавата. Уште еднаш зачинете со мешавина зачини. Додајте пипер и налијте уште 100 мл вода. 
  3. Пропрскајте керамички сад со масл и внатре ставете ги половина од листовите спанаќ. Половина од содржината во тавата ставете во керамичкиот сад. Потоа преку ставете ги останатите листови спанаќ, па додајте ја останатата содржина од тавата. Поклопете и ставете во рерна. Печете 60 минути на 220 степени.
  4. Извадете го садот од рерна и сервирајте го јадењето. Послужете со лажица павлака или шолја кисело млеко.

 

Добар апетит!

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Роналдо во Скопје – Еве ги неговите омилени јадења и пијалоци

Тајната на Ким Кардашијан за добра линија и борба со целулитот

Леонардо ди Каприо – Еве која диета ви ја препорачува

Северина со нов спот, а ние ве потсетуваме која диета ја држеше кога беше бремена

Мајката на Јелена Крлеуша: Еве како конечно ја победив зависноста од храна!

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци