Панцероти од рерна – полнето печиво

Панцероти од рерна – полнето печиво

Меките и вкусни панцероти можите да ги направите во рерна, без пржење во масло, а филот изберете го по желба.

Состојки:

  • 700-800 гр бело брашно
  • 40 гр квасец
  • 2,5 дл млака вода
  • 1 дл млеко
  • 2 лажички сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 3 лажици масло
  • 3 јајца (едно за премачкување)
  • 100 гр маргарин

Состојки за фил:

  • 2 лажици павлака
  • 100 гр кечап
  • 150 гр салама
  • 200 гр кашкавал
  • оригано

Начин на подготовка:

  1. Во млака вода измешајте квасец, 1 лажица брашно и лажичка шеќер. Оставете да се подигне, па додајте брашно, сол, јајца, масло и замесете тесто. Оставете го прекриено со крпа да отстои 30 минути. Премесете, развлечете со сукало и со широка чаша вадете кругови.
  2. Секој круг намачкајте го со кечап (само од едната страна) и ставете фил по желба. Преклопете ја празната страна преку филот и спојте ги краевите.
  3. Разматете јајце со една лажица масло па премачкајте ги панцеротите. На тепсија ставете хартија за печење, а под секоја панцерота ставете парче маргарин.
  4. Вклучете ја рерната на 200 степени, додека се грее панцеротите малку нека отстојат. Печете околу 20 минути или во зависност од вашата рерна, најдобро додека добијат убава боја.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки