Модар патлиџан со мед

Модар патлиџан со мед

Овој прилог има богат вкус, па може да се сервира и како лесен оброк.

Состојки:

  • 1 лажица масло
  • 1 модар патлиџан исечкан на коцки
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици соја сос
  • прстофат пипер
  • бибер
  • 1 чешне лук исечкан
  • свеж коријандер за декорација

Начин на подготовка:

  1. Во тава загрејте масло и пропрже коцки модар патлиџан, мед, соја сос и пипер. Пржете околу 5 минути на умерен оган.
  2. Додајте и лук, па пржете уште 5 минути додека патлиџанот не омекне и вишокот течност не испари.
  3. Побиберете по желба, украсете со коријандер и послужете.

 

Добар апетит!

Повеќе вести на Готви.мк:

Сигурно не сте пробале: Направете солени рафаело бомбици

Похован кромид со кашкавал – идеално мезе за со пиво

ВИДЕО: рецепт за потпечен полнет компир

Хот-дог шпагети: Одличен рецепт кој и дете може да го направи

Полнет ананас со ориз и пилешко

Полнети печурки по најдобар рецепт