Викенд временска прогноза

Викенд временска прогноза

Времето во Македонија ќе биде претежно сончево со слаба до умерена локална облачност. Утринската температура ќе се движи од седум до 15, а дневната од 26 до 34 степени.УВ-вредноста ќе изнесува 7.

Во Скопје слично време, сончево со мала до умерена облачност облачност. Утринската температура ќе се спушти до 13, а дневната ќе се искачи до 34 степени.

До сабота ќе се задржи претежно сончево и топло време, а на места максималната температура ќе биде над просекот за овој период од годината.

Во недела нашето подрачје ќе биде под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса што ќе услови променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд, грмежи и повремено засилен југозападен ветер. Пообилни врнежи се очекуваат во попладневните часови и во источните делови од земјава. Локално процесите ќе бидат поинтензивни. Од понеделник следува стабилно, посвежо и ветровито време.

Повеќе Готви.мк рецепти:

Салата со маслинки и кубети

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Неодолива крем салата

Малиџано – одличен домашен рецепт

Зеленчукова ужинка за на работа

Свежа салата со брокула