Омилениот пица вкус на крцкав тост леб

Омилениот пица вкус на крцкав тост леб

Подгответе го италијанскиот специјалитет на малку поинаков начин…

Состојки:

  • 10 парчиња тост леб
  • кечап
  • 100 гр тенко сечкана шунка Пекабеско
  • 100 гр кашкавал
  • 6 свежи шампињони
  • оригано
  • босилек
  • 2 домати

Начин на подготовка:

  1. Наредете ги лепчињата во голема тепсија за печење, секое премачкајте го со кечап, посипете оригано и босилек. Преку наредете шунка и печурки исечкани на листови, а од горе изрендајте кашкавал. 
  2. Запечете неколку минути во рерна загреана на 200 степени, додека кашкавалот не се растопи. Украсете со домати и уживајте!

 

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки