Единствено, месо по стар рецепт, со нов вкус!
Состојки:
- 300 гр јунешко месо
- 2 моркови
- 2 главици кромид
- 3 чешниња лук
- ловоров лист
- мелен бибиер
- 1 лажичка пипер
- сол
- рузмарин
- мајчина душица
- 1 лист целер
- магдонос
- сенф
- 100 мл бело вино
- 1 свежа пиперка
- масло
Начин на подготовка:
- Ситно исечкајте го кромидот и пропржете го на масло, додајте сечкан моркови, па пропржете. Потоа додајте ловоров лист и месо, ставете малку вода.
- Исечкајте рузмарин и мајчина душица, па додајте зелена пиперка. Динстајте околу еден час месото да омекне. Додајте вино и оставете да врие 5-6 минути.
- Во чинија додајте брашно, малку сенф, пипер, бибер, сечкан магдонос и лист целер, како и издробен лук. Разматете со малку вода и додајте ја смесата во месото.
- Оставете неколку минути да врие. На крај додајте зачин и сол.
- Послужете со варен ориз, компир пире или тестенини… Уживајте!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна