Декоративно предјадење со богат вкус!
Состојки:
- 1 пакување тост леб
- 300 гр мајонез
- 800 мл павлака Пекабела
- 300 гр шунка Пекабеско
- 1,5 лажица кечап
- 8 кисели краставички
- 5 варени јајца
- 100 гр кашкавал
Начин на подготовка:
- Наредете 6 парчиња тост леб на послужавник и формирајте кора.
- За првиот фил, во сад измешајте 100 гр мајонез, 1 павлака, 300 гр рендана шунка и 1,5 лажица кечап. Филот нанесете го на кората и прекријте со тост леб формирајќи втора кора.
- За вториот фил, соединете 100 гр мајонез, 1 павлака и 3 рендани кисели краставички. Премачкајте ја кората и повторно прекријте со тост леб, така што ќе добиете трета кора.
- За третиот фил, измешајте 100 гр мајонез, 1 павлака, 5 рендани јајца и 5 кисели краставички. Распоредете го филот преку третата кора и премачкајте ја тортата со павлака. Преку павлаката посипете рендан кашкавал.
Добар апетит!
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна
ВИДЕО: Домашен рецепт за паштета од туна која се прави за 3 минути
Брзо посно предјадење за целото семејство