Сочни месни ролни полнети со ароматично горгонзола сирење – вистинско уживање за вашите непца!
Состојки:
- 4 филети од пилешки гради (по 150 гр)
- 80 гр горгонзола сирење
- сол
- бибер
- 2 лажици масло
- 2 главици црвен кромид
- 1 лажица мед
- 200 мл пилешки бујон
- 100 мл сок од портокал
Начин на подготовка:
- Исечкајте парчиња месо така што ќе добите вдлабнатинки, а во нив ставете по лист горгонзола, побиберете го месото и зацврстете го со чепкалки.
- Во тава на загреано масло пропржете го месото од сите страни да порумени, па тргнете го на страна. На маснотијата од месото пропржете сечкан кромид, додајте мед и кога ќе се карамелизира, налијте со бујон и сок. Вратете го месото во тавата и поклопено динстајте околу 15 минути.
- Послужете со прилог по желба.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна