Уште денеска уживаме во сонцето – следи невреме

Уште денеска уживаме во сонцето – следи невреме

Времето во земјава ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе се засилува, особено вдолж Повардарието.Дневната максимална температура ќе се движи од 32 до 37 степени. УВ индексот ќе има вредност 7.

Во Скопје и околината ќе биде сончево и топло, попладне со мала до умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северен правец кој повремено ќе се засилува. Температурата ќе се движи од 13 до 36 степени.

Во вторник ќе настапи зголемување на облачноста проследено со врнежи од дожд кои локално ќе бидат поројни со засилен ветер и појава на грмежи. И во среда ќе има локален дожд во југоисточните делови, особено претпладнето. Дневните температури на воздухот ќе бидат во опаѓање за околу 7 степени, а на некои места и повеќе и ќе се движат од 23 до 30 степени.Од четврток повторно следува стабилно време со постепен пораст на дневните температури.

Прочитај повеќе на Gotvi.mk:

Адријана Лима открива: Рецепт за утринско смути и совети за диета

Ким Кардашијан откри како ослабе 15 килограми за 2 месеци

Цеца со нов албум, а ние ви откриваме што јаде за да има таква линија

На традиционален британски појадок со Џон Њуман

Кои се омилените јадења и пијалоци на Енрике Иглесијас?

ВИДЕО: Рецепт за органска маска за длабинска нега на оштетена коса

ВИДЕО: Направете шеќерна паста за депилација

10 „убијци“ на вишокот калории

Диетално: Домашни брускети со домати и маслиново масло (видео)

Како да ослабете според хороскопскиот знак?

Хороскопските знаци и храната – што треба да јадете, а која храна да ја избегнувате

Кое е омиленото јадење на принцот Чарлс?