Вкусен и брз ручек: Мелено месо со зеленчук од тава

Вкусен и брз ручек: Мелено месо со зеленчук од тава

Едноставно и лесно јадење кое ќе го подготвите за миг!

Состојки:

  • 500 гр ситни компири
  • 300 гр мелено месо
  • 4 лажици масло
  • 1 главица кромид
  • 1 помала свежа пиперка
  • 1 помал морков
  • сол
  • бибер
  • пипер
  • магдонос
  • 1 чешне лук

Начин на подготовка:

  1. Ситно исечкајте ги лукот, морковот и пиперката, па пржете на загреано масло, додајте мелено месо, сол, бибер, пипер, динстајте десетина минути, додајте испасиран лук, измешајте и тргнете ја тавата на страна. 
  2. Излупете ги компирите, исечкајте ги на кругови и пржете ги поклопени со повремено мешање 15-20 минути. 
  3. Додаје го месото во компирите, измешајте и пржете уште пет минути. Послужете со сезонска салата.

 

Добар апетит!

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте