Пица со туна

Пица со туна

Ако ви здосади пицата со шунка, кулен или врат, тогаш подгответе вкусна пица со туна од конзерва.

Состојки:

  • тесто за пица
  • 300 мл слатка павлака
  • 100 гр сирење Ајдамер
  • 3 лажици сок од лимон
  • 1 лажица зачин
  • бибер
  • 250 гр Тимко туна
  • 100 гр кромид
  • 50 гр црни маслинки
  • 1 лажица сечкан магдонос

Начин на подготовка:

  1. Слатката павлака зовријте ја, додајте рендано сирење, зачин, бибер и сок од лимон, па гответе на слаб оган 1-2 минути, а потоа малку изладете.
  2. Развлечете го тестото и ставете го на намастен лим.
  3. По тестото распоредете го подготвениот сос, ставете туна, кромид сечкан на кругови и маслинки.
  4. Пицата печете ја во печка загреана на 220 стпени 15 минути.
  5. Печената пица посипете ја со магдонос.

 

Добар апетит!

Повеќе рецепти на Gotvi.mk:

ШАРЕНА, БРЗА, ВКУСНА: Оваа пица нема тесто, не се меси – еве што е тајната

Цезар салата + 2 рецепта за дресинг соса

Свежа салата која топи килограми и ја враќа концентрацијата

ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот

Најдобар рецепт за домашен чизкејк тука

Вистинска уметност: Рецепт за солена торта тука

Топ 5 рецепти за пролетни салати со марула

Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки