Едноставно, а превкусно јадење!
Состојки:
- 8 долги гранчиња рузмарин
- 2 истолчкани чешниња лук
- 1 лажичка рендана кора од лимон
- 1 лажичка чили во прав
- 1/4 шолја маслиново масло
- морска сол
- свежо мелен црн бибер
- 1.2 кг свинско месо исечкано на коцки
Начин на подготовка:
- Отстранете ги ливчињата од гранчињата рузмарин, но оставете 4 сантиметри ливчиња на врвот. Остатокот оставете го на страна.
- Наострете го другиот крај на гранчињата со нож.
- Останатиот рузмарин ставете го во блендер и додајте лук, кора од лимон, масло, сол, бибер и фино изблендирајте.
- Месото ставете го во сад и додајте му половина од маринадата од рузмарин, па маринирајте го десетина минути.
- Печете по 6 минути од секоја страна. Ражничите се готови кога од надвор имаат убава кора.
- Послужете со остатокот од маринадата.
Добар апетит!
ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин
ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна