Крцкави слатки колачиња! Не ви треба ништо освен овој десерт!

Крцкави слатки колачиња! Не ви треба ништо освен овој десерт!

Пробајте го овој неодолив десерт и животот сигурно ќе ви биде посладок…

Состојки:

  • 170 гр црно чоколадо (со 70 отсто какао прав)
  • 130 гр путер
  • 250 гр мини целувки
  • екстракт од ванила
  • 3 шолји оризови снегулки

Состојки за прелив:

  • 3 лажици концентрирано млеко
  • 2 лажици путер од кикирики
  • 2 лажици павлака за готвење
  • 4 лажици шеќер во прав

Начин на подготовка:

  1. Во тенџере растопете чоколадо и путер на умерена температура, па измешајте мини целувки и екстракт од ванила и мешајте додека не добиете хомогена смеса. Потоа тргнете го тенџерето од оган, додајте оризови снегулки и добро соединете.
  2. Подготвената смеса ставете ја во плех обложен со масна хартија, израмнете ја површината, оставете да отстои во фрижидер 2-3 часа и потоа засечете на парчиња.
  3. Во огноотпорен сад измешајте млеко, путер и крем павлака и матете додека не добиете хомогена смеса. Потоа загрејте на умерена температура, измешајте шеќер во прав, почекајте да се излади и прелијте преку парчињата.

 

Уживајте!

Повеќе десерти на Готви.мк:

Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома

Супер рецепт: Леден кафе колач

Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините

Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега

Направете чоко мус и гостите ќе ве обожаваат

ВИДЕО: Брз рецепт за некалоричен сладолед

singlepost_text