Нема ништо повкусно од домашна чорба…
Состојки:
- 500 гр пилешко бело месо
- 1,5 л пилешки бујон
- 150 гр моркови
- 150 гр пашканат
- 100 гр кромид
- 100 мл масло
- 80 гр домат
- брашно
- сол
- бибер
- пипер
Начин на подготовка:
- Испржете го ситно сечканиот кромид, морковите и пашканатот исечкани на коцки, посолете и налијте пилешки бујон.
- Гответе 15 минути, па додајте пилешко месо исечкано на коцки. Продолжете со готвење уште половина час.
- Направете запршка од брашно и зачински пиперки па ставете во чорбата пред крај, потоа ставете домат исечкан на коцки и послужете.
Добар апетит!
Поврзани рецепти на Gotvi.mk:
Брз рецепт за чипс во рерна – Неодолив вкус за секоја прилика
Пица со кулен, сланина и феферонки – Новиот омилен пикантен деликатес
Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици