Најбрзиот летен ручек кој ќе ве изненади со преубавиот вкус…
Состојки:
- 3 големи јајца
- 5 белки
- 280 гр свеж спанаќ
- 200 гр шери домати
- 4 лажици сирење моцарела
- 1 главица кромид
- 2 лажици маслиново масло
Начин на подготовка:
- Загрејте маслиново масло во голема тава, па препржете го кромидот исечкан на ситни парчиња додека не омекне. За тоа ќе ви биде потребна една минута.
- Префрлете го кромидот во посебен сад, во кој сте измешале јајца и белки, па додајте го и сечканиот спанаќ.
- Вратете ја смесата во тавата, а на врвот распоредете домати сечкани на половини. Поклопете ја тавата и оставете така да се пече околу четири минути додека смесата од јајца не почне да стврднува по рабовите.
- Во претходно загреана рерна на 200 степени ставете ја фритатата на околу 4 минути додека термички не се обработи и врвот на јадењето.
- Прекријте ја површината на фритатата со моцарела и оставете да се пече уште минута додека сирењето не се растопи.
- Пресечете на четири дела и послужете со тост леб.
Добар апетит!