Вкусен и брз ручек: Печурки со кашкавал во сос од павлака

Вкусен и брз ручек: Печурки со кашкавал во сос од павлака

Идеален ручек за летниот период, готов за само половина час!

Состојки:

  • 500 гр шампињони
  • 300 мл павлака Пекабела
  • 200 гр кашкавал
  • сол
  • бибер
  • копар
  • маслиново масло
  • малку путер

 

Начин на подготовка:

  1. Печурките исечкајте ги на половини, па испржете ги на загреан путер додека не добијат благо потемна боја. Посолете и побиберете. Додајте павлака и малку маслиново масло, измешајте и кога ќе зоврие, тргнете ја тавата од оган.
  2. Печурките ставете ги во огноотпорен сад, посипете со сечкан копар и преку изрендајте кашкавал. Ставете во загреана рерна на 180 степени и печете околу 15 минути.
  3. Послужете со сезонска салата.

 

Добар апетит!

Поврзани вести на Gotvi.mk

Брзи домашни пирошки со зденка и маслинки

Рецепт за брза даска кога ќе ви се најават гости

Рецепт за 2 брзи соса за чипс и други грицки

Рецепт за брзо мезе за ненајавени гости

Рецепт за највкусни посни и интегрални грисини тука