Растопено чоколадо во неодоливи колачиња

Растопено чоколадо во неодоливи колачиња

Американските колачиња со трошки темно чоколадо се измислени за љубителите на малку појаки вкусови…

Состојки:

  • 2 јајца
  • 5 лажици млеко
  • 100 гр шеќер
  • 125 гр путер
  • 200 гр горко чоколадо за готвење
  • 5 полни лажици какао
  • 250 гр брашно
  • 1 кесичка прашок за печиво

 

Начин на подготовка:

  1. Белките разматете ги, па додајте жолчки, потоа ставете шеќер и додајте млеко. Иечкајте го путерот на парчиња па додавајте парчиња путер и брашно наизменично, додека тестото не стане густо. Додајте какао. Чоколадото исечкајте го на коцки и парчиња и ставете го во тестото. Матете со лажица.
  2. Загрејте ја рерната на 200 степени. На плех ставете фолија за печење и на неа редете дел по дел од тестото со супена лажица со растојание од 3 см. Колачињата печете ги околу 13 минути. Прободете го тестото со лажичка, ако на неа не остане тесто, колачињата се готови.
  3. Изладени се сјајни, а топли уште повкусни. Послужете ги млеко и уживајте!

 

Повеќе на Gotvi.mk:

Која е тајната на совршените домашни колачиња и кифли?

8 докажани бенефити од пиењето јогурт

Jogood во чаша ‒ Овошна забава со секој залак!

Овошна забава со Jogood!

singlepost_text