Уживајте во сочниот и освежувачки десерт…
Состојки:
- 1/4 шолја масло
- 1/2 шолја млеко
- 1 јајце
- рендана кора од еден лимон
- 125 гр бело брашно
- 90 гр брашно од цело зрно пченица
- 1/2 лажичка сол
- 1 лажичка прашок за печиво
- 100 гр кристал шеќер
- 50 гр кафеав шеќер
- 1 шолја сечкани јагоди
Начин на подготовка:
- Загрејте ја рерната на 200 степени. Во калап за мафини ставете хартиени корпички.
- Во сад со средна големина измешајте масло, млеко, јајце и сок од 1 лимон.
- Во посебен сад измешајте рендана кора од лимон, бело брашно, брашно од пченица, сол, прашок за печиво, бел и кафеав шеќер. Додајте сечкани јагоди. Потоа во оваа смеса додајте ги и влажните состојки и внимателно измешајте. Наполнете ги калапите со смесата до 3/4 од корпичките.
- Печете во загреана рерна околу 25 минути. Кога мафините се печени, почекајте 10 минути да се изладат, па извадете ги од калапите и послужете.
Уживајте!
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
Конечно: Највскуниот десерт за кој даваме куп пари: Еве како да го направите дома
Супер рецепт: Леден кафе колач
Нема веќе стоење до шпорет: Колач без печење, совршен за горештините
Ваков рецепт за сутлијаш немате пробано до сега