Лепчиња со пржени јајца, сланина и авокадо – Појадок за мерак!

Лепчиња со пржени јајца, сланина и авокадо – Појадок за мерак!

Појадок на кој никој не може да му одолее. Рецептот ни го испраќа Ангела Велинова. Еве како да ги направите:

Состојки:

  • пола авокадо
  • 2 јајца
  • 2 парчиња леб
  • 50 гр сланина Пекабеско
  • 1 шери домат
  • 1 чешне лук

Начин на подготовка:

  1. Половина зрело авокадо се сече на тенки парчиња и заедно со тенко исечената сланина се ставаат 5 минути во веќе загреана рерна.
  2. Во меѓувреме се пржат двете јајца, а лепчињата се мачкаат со малку АБЦ крем сирење.
  3. Врз лепчето се додава првиот ред од тенко исецкано авокадо, потоа прженото јајце. По вкус моѓе да додадете и малку бибер и лук.
  4. На крајот се додава Пекабеско сланината. Се украсува со пола шери домат.
  5. Процедурата се повторува и за другото лепче.

Појадокот е спремен!

 Поврзани рецепти на Gotvi.mk:

Брз рецепт за чипс во рерна – Неодолив вкус за секоја прилика

Пица со кулен, сланина и феферонки – Новиот омилен пикантен деликатес

Детски роденден? Еве брз и вкусен рецепт за мини пици

ВИДЕО: Пица која се прави во филџан за неколку минути

Вистински пица деликатес

Ултра брзи пица мафини

Вегетаријанска пица

Пица а ла Бица