Рецепт од нашите баби, кој се пренесува од колено на колено…
Состојки:
- 1 кг компири
- 3 средни моркови
- 2 средни главици кромид
- 1 тиквица сечкана на коцки
- 2 кг свинско месо сечкано на коцки
- малку маст
- сол
- зачини (мајчина душица и рузмарин)
- 100 мл вода
Начин на подготовка:
- Ѕидовите на грнето добро намастете ги со свинска маст. Потоа внатре ставете исчистени и исечкани компири, моркови, кромид и тиквици. Посолете и додајте свинско месо сечкано на коцки.
- Пред да го ставите месото во грне, добро посолете го и протријте го со мешавина од зачини. Подобро да користите свежи зачини.
- Додајте 100 мл вода.
- Поклопете и печете во рерна еден час на 250 степени. Обратете внимание грнето да не го ставате во веќе загреана рерна бидејќи може да пукне.
- Кога свниското ќе се испече, можете да го послужите во грнето, а за прилог послужете домашен кајмак и домашен леб.
Добар апетит!
Прочитај Gotvi.mk рецепти:
Супер брз и вкусен домашен сос за хамбургер или пилешко
Многу вкусно – потпечена тава со пилешко месо и печурки
Кинеска кујна: Како да зготвите брокула со пилешко