Највалканата работа во домот се крие во кујната – ќе се изненадите што е

Највалканата работа во домот се крие во кујната – ќе се изненадите што е

Колку и да звучи контрадикторно, највалканата работа во домот е постојано под вода и сапуница.Клиничкиот професор по микробиологија Филип Тјерно, тврди нешто што никој не го знае, а се работи за секојдневната хигиена.

Тој тврди дека највалканиот предмет во домаќинството е токму кујнскиот сунѓер.

– Сунѓерот е полн со дупчиња во кои се задржуваат сите нечистотии, па дури и непосакувани микроорганизми. Кога ги миете садовите, парчиња од храна остануваат заглавени во пукнатините, а затоа што сунѓерот останува мокар и бавно се суши, на секои 20 минути се развива нова бактерија, објаснува доктор Тјерно.

Како што тој тврди, најдобар начин за дезинфекција е избелувачот со хлор.

Растворот треба да се промеша со вода во размер 1:9 и сунѓерчето да се стави во течноста неколку минути.

Потоа треба да се исцеди и добро да се исуши. Пред следната употреба прво исплакнете, па мијте ги садовите.

Повеќе на Готви.мк:

ВИДЕО: Како да направите крцкави компири на шведски начин

Ќофтиња во доматен сос

ВИДЕО рецепт: Ќофтиња од компири и туна

Домашни ќофтиња

Ќофтиња од тиквица

ВИДЕО: Како да приготвите палачинки од компири

Најдобар рецепт за домашно ќофте

singlepost_text