Читателка на Gotvi.mk, Тереза Мена, на Инстаграм ни испраќа вкусен рецепт за куглоф со тахин. Еве како да го приготвите:
Состојки:
- 3 јајца
- 1,5 чаша шеќер
- 1 чаша млеко
- 1 чаша масло
- 1 чаша тахин
- 1 прашок за печиво
- 2 чаши брашно
Чашата е околу 220 грама.
Начин на приготвување:
- Се матат шеќерот и јајцата пенасто.
- Потоа се додаваат течните состојки, а на крајот се ставете ги брашното и печивото.
- После додавањето на брашното смесата се меша со дрвена лажица
- Се истура смесата во претходно намачкан со масло и посипан со сусам модла за куглоф како на сликата и се пече во претходно загреана рерна на 160 степени околу 35 минути.
- Може да се стават и сечкани ореви по желба.
Повеќе рецепти на Gotvi.mk:
ВИДЕО рецепт: Леб со карамелизиран кромид
Ремек дело во кујната: Леб од банана
ВИДЕО. Рецепт за леб кој не се меси
ВИДЕО рецепт: Чоколадна бисквит торта која не се пече
За секоја прослава – Тигар торта
ВИДЕО: Рецепт за домашна чоколадна торта од која застанува здивот